Баерн Минхен го направи и вториот „кикс“ сезонава, играјќи нерешено 1-1 против Унион Берлин. Ова беше втор натпревар по ред во кој „Баварците“ не успеваат да победат и играат нерешено. После оние 1-1 против Менхенгладбах на домашен терен, денеска одиграа под својот просек и во Берлин против Унион и освоија само бод.
Унион имаше и водство со голот на Бекер во 12. минута, а радоста траеше само три минути кога Кимих израмни. Во вториот дел се закани и Унион и Баерн, но немаше промена на резултатот.
Баер Леверкузен и натаму продолжува да „распродава“ бодови. На домашен терен загуби од Фрајбург со 2-3, и покрај водството од 1-0 на полувремето. Фрајбург со оваа победа се искачи на лидерската позиција на табелата. Демирбај донесе водство за Леверкузен, а Гинтер и Грегорич направија пресврт. Шик во 65. минута израмни, а Доан донесе голема победа.
Вердер Бремен со 0-2 славеше на гостувањето кај Бохум, а Штутгарт и Шалке одиграа без победник 1-1. Келн продолжува со добрите резултати во Бундеслигата, совладувајќи го Волфсбург со 2-4.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

