Берлинското дерби меѓу Унион и Херта, го доби домашниот тим со 3-1 во меч во кој целосно го надиграа својот противник, упатувајќи вкупно 26 удари кон противничкиот гол. Херта имаше големи проблеми во одбраната, па првиот гол го прими во 32. минута, откако погоди Сиебачиу. Следуваше блицкриг во четири митну два гола на Бекер и Кноче за 4-0. Лукебакио во 85. минута само успеа да ја „стопи“ разликата.
Интересен натпревар одиграа Волфсбург и Вердер кој заврши без победник 2-2. Нмеча му донесе водство на тимот на Волфсбург во 11. минута, и веднаш потоа промаши зицер за 2-0. Тоа го казнија гостинските играчи кои за две минути постигнаа два гола и направија пресврт. Фулкруг во 21. минута со прекрасен удар донесе израмнување, а Битенкур во 23. минута направи пресврт. Волфсбург долго време го бараше патот до голот на Вердер, а тоа им успеа во 84. минута кога Гилавуги ги постигна конечните 2-2.
Фрајбург му одржа лекција на Аугзбург и тоа само за едно полувреме. После 0-0 во првиот дел, во 46. минута Грегорич донесе водство за гостите, а две минути подоцна Грифо погоди за 0-2. Гинтер во 61. минута донесе 0-3, а Доан во 79. минута и 0-4 за Фрајбург, кој најавува нова битка за излез во Европа сезонава.
Мајнц со 1-2 го победи Бохум, еден од конкурентите за испаѓање од лигата. Онисиво го донесе Мајнц во водство, а Штогер израмни во 39. минута. Сепак, Онисиво донесе 1-2 во 77. минута и важни три бода за гостите.
Победа од 3-1 оствари и Борусија Менхенгладбах над Хофенхајм. Гостите имаа играч помалку од 19. минута, но во 25. минута дојдоа до предност преку Сков. Бенсебаини во 42. минута израмни, за во вториот дел Турам и Елведи донесат триумф на „Менш“ во првиот меч сезонава.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

