Додека Кирил Лазаров почна со подготовките за Европското првенство 2022 година со поголемиот дел од репрезентативците, „бундеслигашите“ Кузмановски, Пешевски и Миркуловски имаа „работни обврски“ во најсилната ракометна лига во светот.
Филип Кузмановски одигра одличен натпревар за својот Хановер, но тимот сепак доживеа пораз од Гепинген со 32-34 во 17. коло од германската Бундеслига. Македонскиот репрезентативец постигна пет гола од вкупно седум удари кон противничиот гол и ова за него беше најдобриот натпревар во германскиот шампионат.
Пораз доживеа и Штутгарт на Жарко Пешевски кој на домашен терен беше поразен од Кил 35-31. Кружниот напаѓач постигна два гола од шест обиди кон голот на Ландин. Филип Миркуловски кој е дел од стручниот тим на Вецлар единствен стигна до полн плен од нашите претставници во Бундеслигата совладувајќи го Минден со 23-24.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА