БУНДЕСЛИГА: Леверкузен и Хофенхајм шокирани пред своите навивачи (ВИДЕО)

Баер Леверкузен киксираше на дуелот со Мајнц пред своите навивачи во 24. коло од Бундеслигата, ремизирајќи (1-1) со што си ја отежна битката за местата кои водат во Лигата на шампионите следната сезона.

Гостите поведоа со 0-1, со голот на Бекер во 67. минута од средбата.

Леверкузен израмни со голот на Куансах во 88. минута.

И Сент Паули неочекувано славеше со 0-1 на гостувањето против Хофенхајм, кој исто така забележа изненадувачки пораз.

А, Вердер дома славеше со 2-0 против Хајденхајм. И Менхенгладбах триумфираше со 1-0 против Унион Берлин.

Се вчитува...