Борусија Дортмунд успеа да стигне до победата над Унион Берлин со 4-2 по голем пресврт во вториот дел, откако по првото полувреме имаше негатива од 1-2.
Борусија прва поведе со 1-0 со голот на Филкруг. Следуваше веднаш израмнување на Унион преку Госенс. Во 18. минута Унион поведе, но голот е поништен поради минимален офсајд. На другата страна Филкруг дава гол, се радува „Вестфален“, но ВАР ја крати радоста. И повторно ВАР во 31. минута дава пенал на Унион кој го реализира Бонучи за предност за гостите.
Меѓутоа во вториот дел како друга Борусија да излезе на теренот, па така Шлотербек со прекрасен гол од 25 метри израмни. Пет минути подоцна Бранд по супер акција донесе предност за „милионерите“, за точка на победата да стави Рајерсон со помош и на Госенс да погоди во мрежата за конечни 4-2.
Лајпциг на домашен терен не стигна до победа над Бохум. „Биковите“ имаа и два пенали кои не ги реалзираа Симонс и Пулсен, и така пропуштија можност да дојдат до триумф.
Дармштад на гостински терен го изненади тимот на Аугсбург и го совлада со 1-2. Штутгарт продолжува со одличните настапи, и со 3-1 го порази Волфсбург, и покрај тоа што губеше 0-1 на полувремето. Сега „Швабите“ се искачија на првото место на табелата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

