Бундеслигашот Бохум има нов тренер

Фудбалскиот клуб Бохум го назначи Дитер Хекинг за нов тренер. Хекинг потпиша договор до крајот на сезоната и има задача да го спаси клубот од испаѓање од Бундеслигата.

Бохум е последен на табелата со еден бод од првите девет натпревари, а во саботата загуби од Ајнтрахт со 2-7.

Хекинг ќе дебитира на клупата на Бохум во сабота против актуелниот шампион Баер Леверкузен. Бохум ја започна сезоната со тренерот Петер Зајдлер, кој беше отпуштен минатиот месец. Оттогаш, тимот привремено го водат Маркус Фелдхоф и Мурат Урал.

Се вчитува...