Бундеслигата воведува ВАР апликација за навивачите на стадионите

Бундеслигата ќе го возвиши ВАР на ново ниво по најавите за апликација која ќе биде достапна за гледачите на стадионите во вториот дел од сезоната во елитното германско првенство. Со неа сите присутни на стадионот ќе можат да ги проследат спорните ситуации во живо.

Ова го најави директорот за иновации на германскиот фудбал Јохан Дрес, но додаде и дека постојат други спорни прашања кои мора да добијат одговор пред конечната имплементација.

„Мора да овозможиме посетителите на стадионите и гледателите пред екраните да ја гледаат истата слика како во ВАР собата. Навивачите на трибините треба да бидат на исто ниво како и телевизиските гледачи. Се согласуваме дека апликација како алат за следење на спорните ситуации на стадионите е неопходна. Идејната фаза е завршена и сега сме во фаза на планирање како имплементацијата да биде успешна.

Но, мора да ја најдеме вистинската формула за функционирање. Ако посетителите на стадионите постојано гледаат во своите паметни телефони тоа нема да биде продуктивно. Секако постојат и некои други отворени прашање како евентуални правни проблеми за користење на платформата“, изјави  Дрес.

Се вчитува...