Манчестер сити не успеа со триумф на последниот домашен натпревар да ја заокружи оваа сезона, играјќи само 0-0 против Хадерсфилд. Пеп Гвардиола не тактизираше со составот, стартуваше со најсилните единаесетмина, но сепак не успеа да го натера тимот на Давид Вагнер на капитулација.
Гостите допатуваа на мегдан со шампионот со улога на апсолутни аутсајдери, но изненадија со храбра игра во првото полувреме во кое создадоа и две убави шанси што Едерсон ги одбрани. Во вториот дел „граѓаните“ целосно ја презедоа контролата, но „бункерот“ на гостите функционираше беспрекорно и натпреварот на крајот заврши без голови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА