Навивачите на кошаркарскиот клуб Партизан изразија големо незадоволство по објавените цени од страна на клубот за сезонските билети за новата сезона кои се со зголемена цена.
Поради големата фан база на натпреварите на Партизан често се бара и „билет повеќе“ што му дозволи на раководството да ги зголеми цените, но со тоа е повеќе од извесно дека ќе ги загуби најверните фанови кои го бодреа клубот и во најтешките моменти.
Партизан најави дека ќе игра и надвор од Србија поради зафатеноста на белградската арена во месец јануари, а за натпреварите кои се очекуваат да бидат одиграни во Виена нема да важат сезонските билети.
„Значи за еден натпревар помалку во Евролигата и минимум две во АБА, сезонскиот билет се зголеми за 27 отсто. Секоја чест на секој искрено“, напиша разочаран навивач на социјалните мрежи.
„Треба да платам 16 илјади повеќе за билетите во однос на минатата година“, стои во објавата на друг фан.
„Ви благодарам за овие +300 евра“, стои во саркастичен коментар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

