Во српската фудбалска репрезентација не може се да биде мирно и без турбуленции, па така на почетокот на2025 година дојде до нов сериозен конфликт – браќата Сергеј и Вања Милинковиќ – Савиќ ставиле до знаење дека немаат намера да настапуваат за националниот тим додека Драган Стојковиќ – Пикси се наоѓа на кормилото.
Селекторот и на последните средби ги вклучуваше браќата на своите списоци, но тие од најразлични причини не одговараа на неговите повици. Денешните информации на српските медиуми веќе се децидни – голманот и одличниот играч за врска биле категорични дека нема да го носат репрезентативниот дрес додека Пикси ги води „орлите“.
Репрезентативниот дрес е светост, но она што е интересно – двајцата фудбалери наместо критика добија поддршка од пошироката јавност поради ваквиот став.
„Не треба никој да игра додека Кикси е селектор, не само тие двајца. Ни ја врати репрезентацијата 10 години наназад, но не се грижи многу, зема милиони, а од резултатите ни трага ни глас“, гласи еден од бројните коментари со слична содржина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

