„Бунт“ во српската репрезентација: Митровиќ, СМС, Рајковиќ, Тадиќ… изјавиле дека нема да играат додека Пикси е селектор!?

Огромен хаос владее во српската репрезентација по елиминацијата од ЕВРО 2024 уште во групната фаза од натпреварите, по синоќешното реми со Данска.

Српските медиуми пренесуваат дека Србите минале бурна ноќ во Минхен во која имало сериозни расправии меѓу дел од фудбалерите и стручниот штаб на чело со Драган Стојковиќ – Пикси.

А, наводно, капитените Александар Митровиќ и Душан Тадиќ, заедно со Предраг Рајковиќ и Сергеј Милинковиќ – Савиќ изјавиле дека нема да играат повеќе за репрезентацијата се додека селекторот е Драган Стојковиќ – Пикси.

Тадиќ, на некој начин, тоа го навести и со изјавата веднаш по натпреварот, нагласувајќи дека воопшто не е задоволен од третманот кој го има во националниот тим и покрај тоа што е капитен.

Изненадувачко е незадоволството кое го искажале Митровиќ и голманот Рајковиќ, но и уште неколку поискусни репрезентативци.

Се вчитува...