Новиот тренер на Барселона, Ханси Флик воведе нови методи на работа на тимот на кои очигледно фудбалерите не се навикнати. Па, веќе почнаа и незадоволствата од ритамот на тренинзи.
Играчите на Барселона сега имаат два тренинга на ден, првиот рано наутро што досега не било практика во клубот. Затоа голем дел од фудбалерите доцнат, пред се младиот Ламин Јамал кој има проблеми со раното станување.
Поради тоа, како што информираат дел од шпанските медиуми, на последниот тренинг пред мечот со Ваљадолид дошло до конфликт меѓу него и Флик. Германскиот тренер и тоа како се налутил па бурно реагирал изрекувајќи му и усна опомена на 17-годишниот фудбалер.
Флик веднаш најавил дека по враќањето на фудбалерите од репрезентативните активности безусловно ќе мора да се придржуваат на сите нови мерки, затоа што во спротивно, без разлика кој е, за него ќе нема место во тимот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА