Бура во Фудбалската федерација на Србија: Пикси се заканил дека ќе си даде оставка!

Вистинска драма беше видена на неодамнешниот состанок на Извршниот одбор на Фудбалската федерација на Србија. За нов спортски директор требал да биде избран Ранко Стојиќ, но неговиот избор се пролонгирал, пренесуваат српските медиуми.

На изборот на Стојиќ на функцијата спортски директор се спротивставил и селекторот Драган Стојковиќ Пикси, кој како што пишуваат српските медиуми се заканил и со оставка.

Следен предизвик за Србија ќе биде плеј-офот за останување во А Лигата на нации, каде ќе се сретнат со репрезентацијата на Австрија.

Се вчитува...