Големи промени се на повидок во ФК Вардар откако денеска оставка веќе си поднесе спортскиот директор Александар Бајевски, а се очекува по негови стапки да тргне и тренерот Бобан Грнчаров.
„Црвено-црните“ ја почнаа сезоната со два пораза, што било причина за незадоволство од управата на клубот од резултатскиот почеток на екипата. Ова било причина за конфликт со Бајевски и Грнчаров, кој на крајот резултирал со заминување на директорот.
На фудбалерите веќе им било соопштено дека викендов на дуелот со Воска на клупата ќе седи Бобан Бабунски, кој ја води младинската школа, а се очекува на почетокот од следната седмица да бидат донесени и конкретни официјални одлуки околу директорската и тренерската функција на „црвено-црните“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

