Кога Рубен Аморим го победи Евертон со 4-0 пред да игра против Арсенал, најави подобри денови за Манчестер Јунајтед. Тој тогаш кажа:
„Бурата допрва доаѓа“, рече тогаш Аморим.
Бурата дојде, но го „покоси“ Јунајтед, затоа што имаат пет порази за само 22 дена во сите натпреварувања. Загубија потоа од Арсенал, па од Нотингем. Го совладаа единствено Манчестер Сити кој е во сериозна криза, а потоа беше елиминиран и од Тотенхем во Лига Купот, па загуби од Борнмут дома, и сега од Вулверхемптон на гостински терен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА