Арбелоа „пречкрта“ играч кој има 200 меча за „кралевите“

Моменталниот тренер на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа смета дека играчот од средниот ред Едуардо Камавинга, нема квалитет да го носи дресот на „кралевите“. Како што откриваат меидумите во Шпанија, Французинот на лето би можел да се најде на трансфер листа.

Камавинга дојде како потенцијално големо засилување, и од него се очекуваше многу по заминувањето на Крос и Модриќ, но тоа не беше случај. Покажа дека многу осцилира со игрите, па затоа Арбелоа ги советува челниците на Реал да го продадат.

Камавинга стигна во Реал во 2021 година за вкупна сума од 40 милиони евра. Тој досега одигра 206 мечеви во дресот на Реал, постигна шест голови и запиша 11 асистенции, но тоа не  е доволно квалитетно за најтрофејниот клуб во Лигата на шампионите.

Се вчитува...