Бурхан Мустафов е нов фудбалер на Пелистер

Искусниот македонски фудбалер, Бурхан Мустафов е ново засилување за Пелистер. Играчот кој потекнува од младинската школа на битолскиот клуб, доаѓа од редовите на Ренова која најверојатно нема да биде дел од елитата следната сезона.

Пелистер со Мустафов во тимот ќе имаат задача да се вратат во Првата фудбалска лига на Македонија. Мустафов во кариерата покрај Пелистер и Ренова играше и во Силекс, Струга ТЛ, Победа и Теута.

„Уште едно засилување од првата лига за ФК Пелистер е Бурхан Мустафов. Тоа е 28 годишниот искусен прволигашки играч а потекнува од школата на ФК Пелистер. Тој кој доаѓа од прволигашот ФК Ренова а има настапувано за ФК Победа , ФК Струга Тримлум, Силекс а има и меѓународна кариера во Албанија за прволигашот ФК Теута. Овие денови го очекуваме потписот и на други играчи кој сметаме дека ќе го засилат тимот за побрзо враќање во Првата лига“, стои во соопштението на ФК Пелистер.

Се вчитува...