Голманот на Борусија Дортмунд, Роман Бурки, беше еден од првите кои јавно прокоментираа за експлозијата во непосредна близина на автобусот на „милионерите“, поздравувајќи ја одлуката овој натпревар да не се одигра вечерва.
„Атмосферата во автобусот беше одлична, кога одеднаш слушнавме силна експлозија и кршење на стакло. Сите легнавме на земја, не знаевме што се случува. За среќа, полицијата експресно пристигна и ни помогна. Потоа веќе на никому не му беше до фудбал, одлуката средбата да се одложи беше единствената правилна во моментов. Јас седев веднаш до Бартра, кој настрада најмногу од стаклото што се распрска“ – изјави Бурки за швајцарскиот весник „Блик“.
Останува да се види колку фудбалерите на Борусија Дортмунд ќе успеат да се опорават од големиот шок, за утре да одиграат на високо ниво против Монако.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА