Хајдук го постигна најбизарниот погодок сезонава откако сплитскиот тим погоди за водство од 2-0 против Славен Белупо, и тоа во празна мрежа.
Проблемот беше во тоа што гостите помислија дека израмниле откако по грешката на голманот на Хајдук откако Главчиќ упати удар од 35 метри. Тие почнаа да слават, а голманот на Славен истрча до сопствената клупа, не забележувајќи дека топката не заврши во мрежата, туку во дирекот од голот на Хајдук.
За трагедијата на Славен Белупо да биде комплетна, Хајдук тргна во контранапад додека голманот Јежина славеше, па Јурановиќ го постигна вториот гол на натпреварот.
Погледнете како изгледаа овие неверојатни десетина секунди на „Пољуд“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА