Бурен пријателски натпревар вчера во Ровињ одиграа Динамо Загреб и унгарски Мол Фехервар, кој на крајот заврши со победа на Хрватите од 2-1.
Се почна пред крајот на првото полувреме кога Унгарците бараа пенал притоа вербално напаѓајќи ги хрватските фудбалери Бруно Петковиќ и Петар Стојановиќ.
И, ако во тој момент беше избегната физичка пресметка, истата следеше во второто полувреме кога Петковиќ ги загуби нервите, фаќајќи го стоперот на Унгарците, Атила Фиола, за врат и оттурнувајќи го. Сето тоа повлече поголеми тензии, па Фиола на крајот дојде во физички конфликт со уште еден фудбалер на Динамо Загреб по што во инцидентот се вклучи и клупата на Хрватите предводена од Зоран Мамиќ.
Бобан Николов го почна од првата минути за Мол Фехервар, додека Аријан Адеми и Висар Муслиу останаа на клупите за резервни фудбалери, но и тројцата останаа надвор од инцидентите на овој натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА