Бурнмаут триумфираше со 3-0 против Фулам во 19. коло од Премиерлигата, за дополнително бегство од долниот дел на табелата во англискиот шампионат. Лутон, пак, со 2-3 на гости славеше против Шефилд јунајтед во битката на дното.
Холанѓанецот Џастин Клајверт со гол во 44.минута донесе предност од 1-0 за Бурнмаут, а Соланке во 62. минута зголеми на 2-0. Синистера во 94. минута ги постави конечните 3-0.
Лутон со пресврт славеше против Шефилд јунајтед со 3-2 во битката на дното. Лутон поведе со гол во првото полувреме за 0-1, но Шефилд со два гола до 69. минута дојде до водство од 2-1. Сепак, со два автоголови, најпрво на Робинсон во 77. минута а потоа и на Слимане во 81. минута Лутон дојде до пресврт триумф од 2-3.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА