Бурно во Тирана – Пикси се обрати и на албански, па збесна на новинар: „Не си нормален што го прашуваш тоа…!“

Селекторот на српската фудбалска репрезентација, Драган Стојковиќ – Пикси денеска имаше бурна прес-конференција во Тирана пред натпреварот против Албанија во квалификациите за Светското првенство 2026.

Пикси најпрво на домашните медиуми од Албанија им се обрати на албански јазик честитајќи им го Курбан Бајрам, притоа искажувајќи серија пофални зборови за албанската селекција.

„Албанија е навистина добра екипа, тоа го покажаа со квалификациите за Европското првенство. Составена од многу добри играчи, одличен тренер… Мора да бидеме внимателни, да имаме максимална концентрација, не смееме да правиме грешки, бидејќи се опасни и ќе знаат како да нè казнат“ – рече на почетокот Пикси, веднаш дополнувајќи:

„За да ја победиме Албанија, мора да бидеме многу, многу, многу, многу добри. Тоа е јасно и едноставно. Не можеме да победиме ако не играме добро“.

Но, прес-конференцијата имаше и необичен тек, посебно по прашањето од страна на српски новинар за оставка на Стојковиќ, што го збесна српскиот селектор.

„Не сте нормални што го прашувате тоа! Тоа не е прашањето за сега. Не размислуваме за тоа. Не знам од каде ја добивте таа идеја“ – рече Стојковиќ.

Се вчитува...