Канаѓанката Угени Бушар, една од најубавите тенисерки на ВТА тур, покрена милионска тужба против организаторите на гранслем турнирот УС Опен, поради тоа што се лизнала и паднала во соблекувалната во 2015 година. Таа тврди дека на подот во соблекувалната имало преголемо количество на детергент за чистење, поради што таа се лизнала и го повредила колкот.
Во тој период, Бушар, која петторангирана тенисерка на ВТА – листата, а после инцидентот одиграла само еден меч во 2015 година, по што и започнал стрмоглавиот нејзин пад. Таа во моментот се наоѓа на 116.место на ранкинг – листата, но смета доколку не заработела повреда на бизарен начин, дека ќе остварела многу подобри резултати и ќе заработела многу повеќе од ВТА – турнирите. Токму затоа, Бушар бара милионска отштета од УС Опен.
Канаѓанката во својата тужба побарува финансиски средства за психолошко и физичко страдање, медицински трошоци поради повредата, како и финансиските загуби што ги имала поради неучество на најголемите турнири.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА