Канадската тенисерка Еугени Бушар ја совлада Марија Шарапова во второто коло на ВТА турнирот во Мадрид со 2-1 во сетови. Дуелот на двете тениски убавици донесе и многу возбуда, а најавата се случи многу порано, кога Бушар јавно ја нарече Шарапова ’лажливка’, затоа што веднаш по суспензијата поради користење недозволени средства почна да добива вајлд – карти за настап на врвните турнири.
Канаѓанката го доби првиот сет со 7-5 во гемови, но Шарапова возврати во вториот освојувајќи го со 6-2 во гемови. Се играше израмнет трет сет, во кој сепак Бушар имаше повеќе нерви и концентрација, па го доби со 6-4 во гемови комплетирајќи го триумфот на овој меч.
Бушар во осминафиналето од турнирот во Мадрид ќе ги одмери силите со првата носителка Анжелик Кербер, која ја совлада Катерина Синиакова со 2-1 во сетови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА