Поранешниот шпански репрезентативец, Серхио Бускетс се сели во МЛС лигата, се приклучува на Лионел Меси и ќе биде дел од Интер Мајами.
Извонредната двојка од Барселона, сега повторно ќе биде споена во Интер Мајами. Бускетс имаше понуди и од Саудиска Арабија, Катар и Обединетите Арапски Емирати, но на крајот се одлучи за преселба во САД, како што вели, за остварување на сонот и едно ново искуство.
Интер Мајами на специфичен начин го потврди доаѓањето на Серхио и тоа со неколку цитати, изјави за ветеранот од страна на Винсенте Дел Боске, Гвардиола, Чави, Рикелме, Модриќ… кои говорат за големината на легендата на Барселона.
BREAKING: Sergio Busquets joins Inter Miami as a free agent.
Reunited in Miami 🌴 pic.twitter.com/BHT78mBSl0
— B/R Football (@brfootball) June 23, 2023
„Ако ја гледате играта, не го гледате него, но ако го гледате него тогаш ја гледате играта“ – своевремено го опиша поранешниот шпански селектор Висенте Дел Боске.
— Inter Miami CF (@InterMiamiCF) June 23, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

