Бускетс дефинитивно пристигнува кај Роналдо во Ал Наср!?

Серхио Бускетс пристигнува кај Кристијано Роналдо во Ал Наср во Саудиска Арабија.

Како што пренесува „Мундо Депортиво“ веќе е сосема извесно дека Бускетс ќе му се приклучи на Роналдо во богатиот клуб од Саудиска Арабија, и тоа за плата од 18 милони евра годишно.

Клубот му нуди договор на две години, а подготвен е да прифати и повисок износ кој Бускетс сам би го побарал. Целта на доведување на светски фудбалски ѕвезди е пред се во желбата за засилување на лигата пред кандидатурата за организација на Светското првенство 2030.

Но, Бускетс знае дека Чави исто така сака да го задржи во Барселона, па ја чека понудата од каталонскиот клуб пред да размислува за другите понуди.

Се вчитува...