Бускетс во последен час се опорави за гостувањето во Рим

Играчот за врска Серхио Бускетс во последен час влезе во составот на Ернесто Валверде за патувањето во Рим, на реванш натпреварот од четвртфиналето во Лигата на шампионите, што ќе се одигра утревечер на „Олимпико“. Тој имаше повреда на ногата и тренираше одвоено, но, сепак, Валверде го поведе заедно со тимот како 19.играч. Се уште е неизвесно дали Бускетс ќе може да им помогне на соиграчите на овој натпревар.

Во составот се вратија и Алеиш Видал и Јери Мина, додека Фелипе Кутињо нема право на настап, а Лукас Диње е повреден.

Барселона по првиот меч на „Камп Ноу“ обезбеди предност од 4-1 во однос на Рома.

 

Се вчитува...