Бутел забележа уште една рутинска победа во Супер-лигата, овојпат на домашен терен против Пелистер со убедливи 32-23. Како што се очекуваше, гостите од Битола немаа шанси да стигнат до изненадување, разликата во квалитет беше очигледна, а сериозниот пристап на домашните ракометари придонесе „пелистерци“ во ниту еден момент да не се понадеваат на сензација.
Веќе во раната фаза од мечот домашниот состав поведе со 5-1, востпоставувајќи целосна контрола над резултатот. На полувреме се замина со водство од 17-10, а „бутелци“ првото двоцифрено водство го имаа при 26-16. Во финишот шанса добија и дел од помладите ракометари, но тоа не се одрази на конечниот исход, па мечот заврши со убедлива победа на домаќините.
Мајиќ со осум гола беше прв стрелец на победничкиот состав, а на спротивната страна најефикасен беше Дарио Петровски со четири постигнати погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА