Бутел без проблеми на гостувањето кај Пролет

Ракометарите на Бутел стигнаа до важна победа во битката за плеј-офот откако денеска славеа на гостувањето кај Пролет во „малото скопско дерби“ со 23-26 како дел од 17. коло од сезоната во Суперлигата.

Дуелите меѓу градските ривали вообичаено носат неизвесност и возбудување, што не беше случај денескаа ако се знае дека „бутелци“ доминираа, имаа контрола над резултатот и на крајот заслужено се радуваа на победата. Тинекс Пролет одигра квалитетно само во првите десетина минути во кои домашниот состав имаше предност од 4-2, потоа и од 5-3. Бутел со три гола поведе со 5-6, а дуелот беше израмнет до 7-7, по што „бутелци“ со нови три гола во низа поведоа со 7-10. На пауза се замина со резултат 8-11, на самиот старт од второто полувреме Димковски погоди за 9-11, но следеше уште една серија од три погодоци на Бутел со која гостите за првпат на мечот поведоа со плус пет (9-14).

Не само што не дојде до камбек на Тинекс Пролет, туку гостите продолжија да доминираат и поведоа со 12-21, пред нивната серија накратко да ја прекине Дрпљанин. Тинекс Пролет во последната рунда од оваа 2025 година ќе му гостува на Еурофарм Пелистер 2.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...