Ракометарите на Бутел без поголеми проблеми стигнаа до нов триумф во Суперлигата на Македонија, откако вечерва во скопската пресметка славеа над Мутли Есенс со 31-23 како дел од 10. коло во групата Б.
По израмнетиот почеток во кој во еден период гостите имаа и плус ддва (3-5) фаворитот заигра многу подобро и веќе на пауза имаше предност од шест гола (16-10). Во вториот дел тимот од скопската населба само рутински го приведе мечот до самиот крај за конечен триумф од 31-23.
Бојан Спасовски со шест гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените Божидар Илиески постигна пет гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА