Ракометарите на Бутел стигнаа до третата победа сезонава во плеј-офот во Суперлигата на Македонија, откако денеска на домашен терен во меч од 12. коло славеа над Струга со убедливи 34-20.
Домаќините уште од самиот старт го контролираа резултатот, па веќе на полувреме заминаа со голема предност од седум голови (19-12). Тимот од скопската населба во второто полувреме само рутински го приведе мечот до самиот крај за конечни 34-20.
Филип Николов со 11 гола беше убедливо најдобар поединец кај победникот, додека кај поразените Мерис Бошњак постигна осум.
Во единствениот меч од плеј-аут фазата кој се одигра денеска Еурофарм Пелистер 2 славеше на гостувањето кај Скопје со 30-34.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА