Бутел дебитира во Европа против Запорожје

Македонскиот суперлигаш Бутел во новата сезона ќе дебитира во европските купови, и тоа директно од второто коло во Купот на ЕХФ.

Денешната ждрепка им беше наклонета на „бутелци“, кои за ривал ќе го имаат подобриот од двомечот Запорожје (Украина) – Лондон (Велика Британија). Нема сомнеж дека Украинците се суперфаворити во овие средби, така што речиси сигурно токму Запорожје ќе биде ривалот на Бутел во дебитантскиот настап на скопскиот клуб во европските купови.

Пелистер за ривал во второто квалификациско коло од Купот на ЕХФ ќе го има подобриот од двомечот Беса (Косово) – Винтертур (Швајцарија). Сепак, останува да се види дали „пелистерци“ воопшто ќе бидат дел од ова натпреварување со оглед за најавите за комплетирање на фузијата со Работник до крајот на месецов, по што единствениот битолски клуб би настапувал во Лигата на шампионите.

Се вчитува...