Македонија ќе има три претставници во ЕХФ Европскиот куп откако европската куќа на ракометот денеска ја објави листата на учесници во ова натпреварување.
Охрид и Тиквеш со самиот пласман имаа место во ова натпреварување, но ЕХФ излезе во пресрет на Бутел, па и овој скопски суперлигаш повторно ќе заигра на европската сцена. „Бутелци“ нема да бидат носители на ждрепката во првото коло, а за ривал ќе добијат еден од овие тимови: Бејкоз, Парнасос, Мистра, Беса, Дуделанж, Гранитас, ПАОК, Вогошча или Сасари.
Охрид и Тиквеш ќе тргнат од втората рунда во ЕХФ Европскиот куп, со тоа што охриѓани ќе ја имаат улогата на носители во ждрепката, додека кавадаречкиот клуб ќе биде неносител.
Ѓорче Петров, Куманово и Чаир ќе бидат претставници на мак-ракометот во женското издание од ЕХФ Европскиот куп. Кумановки и Чаир ќе бидат неносители во ждрепката за второто коло, додека Ѓорче Петров има автоматски пласман во третата рунда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

