Ракометниот суперлигаш Бутел ги засили своите редови за вториот дел од сезоната, потпишувајќи договор на една и пол сезона со рускиот интернационалец Алексеј Григориев.
Овој 36-годишен ракометар доаѓа од Динамо Астрахан, а во кариерата настапуваше две сезони и за Мешков Брест, беше дел од украинскиот Мотор Запорожје, Санкт Петербург, унгарските Балатонфуреди и Мезоковешди, романската Потаиса Турда, израелскиот Макаби Ашдод и турската екипа Селка Ескишехир.
Бутел на четири кола до крајот на Супер-лигата се наоѓа на петтото место на табелата и го очекува жестока битка за влез меѓу првите четири екипи и пласман во плејофот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА