На еден месец пред продолжението на сезоната во ракометната Супер-лига, денеска ново засилување донесе и екипата на Бутел. Скопскиот прволигаш ги засили своите редови со Богдан Николиќ, црногорскиот среден бек кој пристигнува од редовите на Струга.
Финансиските проблеми на стружани придонесоа неговиот престој во овој клуб да биде краток, а Бутел го искористи тоа и успеа да го донесе 28-годишниот Николиќ во својот табор. Станува збор за ракометар познат на македонската ракометна јавност бидејќи две сезони настапуваше за Пелистер, тим со кој играше и во Челинџ-купот. Претходно, тој има играно во татковината за екипите на Сутјеска и на Ловќен.
Бутел моментно се наоѓа на третото место на суперлигашката табела, а со ангажманот на Николиќ овој тим само потврдува дека ќе се бори за и втора година по ред да обезбеди пласман во европските купови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА