Бутел го чува големиот талент

Екипата на Бутел успеа да го задржи големиот талент во своите редови, средниот бек Петар Цветковски кој ќе продолжи да ги брани боите на скопскиот суперлигаш најмалку до јуни 2026 година.

„Бутелци“ беа во преговори за задржување на Цветковски, што денеска финишираа успешно со потпис на нов тригодишен договор меѓу двете страни.

„Цветковски е дел од нашата сениорска екипа предводена од Горан Кузманоски, но настапува и за младинскиот тим, каде е меѓу најдобрите стрелци во лигата. Со потписот на Цветковски, Бутел Скопје уште еднаш покажа дека им верува на младите македонски ракометари и сериозно смета на нив во иднина“, објавија од РК Бутел.

Се вчитува...