Бутел го испрати својот капитен во пензија

Денешниот дуел меѓу Бутел и Вардар во претпоследното коло од плејоф беше одлична можност за „бутелци“ да му кажат благодарам за се што стори за клубот капитенот Бојан Спасовски, кој летово ќе ја заврши својата кариера.

Спасовски во изминатите четири сезони го носеше дресот на „бутелци“, а низ годините настапуваше уште за неколку македонски суперлигаши.

По повод неговиот последен домашен меч, Спасовски доби и дрес од шампионот Вардар, што му го предаде помошниот тренер на „црвено-црните“,Владо Недановски.

 

Се вчитува...