Бутел го освои Прилеп и остана во пол-позиција за плеј-оф во Суперлигата

Ракометарите на Бутел направија голем чекор кон пласман во плеј-офот во Суперлигата на Македонија откако вечерва славеше на гостувањето кај Прилеп со 28-33 во меч од 17. коло од новата сезона.

Првото полувреме мина во израмнета игра на двете страни во која за нијанса подобри беа гостите 16-17. Избраниците на Горан Кузмановски одиграа далеку подобро во вториот дел па на крајот без поголеми проблеми стигнаа до триумф од 28-33.

Филип Николов со девет гола беше најдобар кај победникот, додека кај домашниот тим Божидар Илиески постигна шест гола.

Се вчитува...