Ракометарите на Бутел се поизвесно ќе ја завршат сезонава веднаш зад најдобрите два клуба, Еурофарм Пелистер и Вардар 1961, во домашниот шампионат откако во седмиот натпревар од плеј-офот во Суперлигата го совладаа и Охрид.
Бутелци на домашен терен победија против охриѓани со 19-17 низ еден главно израмнет натпревар.
Домашните во првото полувреме се стекнаа со предност од два гола кое го одржуваа до крајот на мечот. Бутел на паузата замина со предност од 10-8, која гостите во вториот дел не успеаја да ја анулираат.
Бутел сега на третото место на табелата е со четири победи, реми и два порази, додека Охрид го запиша и шестиот пораз, останувајќи само со едно реми на шестото место.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА