Бутел го реши и засилениот Вардар јуниор

Ракометарите на Бутел го задржаа максималниот ефект на стартот од новата суперлигашка сезона откако попладнево триумфираа на гостувањето против Вардар јуниор со 26-31. Бутел барем на хартија важеше за голем фаворит, но мора да се истакне дека „црвено-црните“ беа засилени со неколку млади ракометари кои на стартот на сезоната тренираа со првиот тим на „вардарци“. Сепак, и во таква ситуација гостите најдоа сили да стигнат до цел плен, за трета победа во првите три кола.

Домашните ракометари беа подобри во првите дваесетина минути, најпрвин водеа со три гола (6-3), а потоа и со два погодоци (10-8). Сепак, клучен беше финишот на првото полувреме откако Вардар јуниор десен минути не постигна ниту еден погодок, а Бутел со серија од 0-8 стигна до удобна предност од 10-16. Потоа резултатот беше лесно исконтролиран од страна на гостите, младите „вардарци“ стигнаа само до 22-25, но немаа сили за целосен камбек.

Милошевски со седум гола беше најефикасен во победничкиот тим, Младеновски постигна шест погодоци, додека Карапалевски со осум постигнати гола беше најистактан поединец во таборот на Вардар јуниор.

Се вчитува...