Бутел е вториот тим што обезбеди пласман на фајналфор турнирот од Купот на Македонија откако скопскиот суперлигаш по голема битка славеше во денешното финале од групата против Охрид со 22-19. Ова е втор триумф на Бутел над овој ривал, откако ги совладаа охриѓани и во првото коло од ракометниот плејоф на Македонија.
„Бутелци“ од самиот почеток наметнаа силно темпо создавајќи си предност од 5-1. Охрид само за момент се рехабилитираше, израмни на 6-6, но домаќините повторно презедоа контрола над резултатот и полувремето го завршија со водство од 10-8. Домашните ракометари стигнаа до „плус четири“ (14-10) на почетокот од второто полувреме, предност што умешно ја одржуваа до самиот крај и заслужено стигнаа до место на Ф4 турнирот.
Мајиќ и Јевтиќ со по пет гола ги предводеа стрелците кај победничкиот тим, додека прв стрелец на Охрид при вечерашниот пораз беше Бобан Блажески со осум погодоци.
Покрај Бутел пласман на Ф4 турнирот обезбеди и тимот на Вардар. За останатите две места битки во финалните средби од групите ќе водат Еурофарм Пелистер – Пролет и Металург – Работнички.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА