Бутел стави крај на серијата од два порази во низа во победничката фаза од Суперлигата откако во 6. коло славеше против Еурофарм Пелистер 2 со 28-19. Скопјани фаворитската улога ја потврдија со добра игра на двата дела од теренот, па и покрај тоа што отварањето на двете полувремиња им припадна на битолчани, не дозволија изненадување и сосема заслужено стигнаа до третиот триумф во овој дел од првенството.
По изедначената игра во првите минути, гостите успеаја да го наметнат своето темпо на двата дела од теренот и да поведат со 4-8, но домаќините навремено ги консолидираа своите редови. А, Бутел не само што не дозволи битолчани да направат позначајна разлика, туку ја зацврсти одбраната, дозволи само три поени до крајот на првото полувреме, постигна девет и заминаа на полуврмето со предност од 13-11.
На самото отварање на второто полувреме Еурофарм Пелистер 2 стигна до изедначување (13-13), но не успеа и да го превземе водството. Бутел одговори со серија од 3-0 па ја врати „комотната“ преднсот во свои раце, а продолжи во исто темпо и до крајот. „Црно-белите“ од минута во минута ја зголемуваа предноста за мирен финиш и нови два бода.
Марко Митев со седум гола беше лидер на Бутел, додека него го следеа Спасовски и Мајиќ со по шест. Седум гола за гостите постигна Павле Атанасијевиќ, четири додаде Ѓорѓовски, додека со три мечот го заврши Стоилевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА