Организаторот на играта, Стефан Крстевски, ја продолжи соработката со Бутел Скопје и во следната сезона одново ќе игра во дресот на скопскиот суперлигаш.
Овој 24-годишен среден бек потекнува од Преспа Ресен, каде што играше до 2014 година, потоа беше член на Вардар две сезони, настапуваше и за Вардар Јуниор до 2020. Играше и за Работнички, пред да се врати во Вардар, со кој беше дел од Лигата на шампионите.
Претходно „бутелци“ го ангажираа тренерот Горан Кузманоски, а играчкиот ростер беше засилен со Александар Стојаноски, Лука Иваниќ, Дамјан Георгиев и Марко Стојанов. Пред Крстевски, договорите ги продолжија Димитар Ѓоргиевски, Кристијан Давитковски и Бојан Блажески,
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА