Пресметката што попладнево се одигра во Битола меѓу Е. Пелистер 2 и тимот на Бутел заврши без победник, 24-24, по што овие два тима ќе ја продолжат трката за место кое води во плејофот во вториот дел од сезоната.
Пресметката во „Боро Чурлевски“ донесе израмнета борба во која двата тима се меуваа во водство, но „бутелци“ имаат за што да жалат ако се знае дека на четири минути до крајот преку Узунчев поведоа со три гола предност (21-24). Сепак, гостите од Скопје не успеаја да ја задржат оваа одлична позитива, а младите битолчани се вратија од работ на амбисот и со голот на Митревски на половина минута до крајот стигнаа до значаен бод.
Махфуд со девет гола беше прв стрелец во Пелистер 2, додека кај Бутел најефикасен беше Тодор Узунчев со осум погодоци, додека голманот Трајкоски имаше 11 интрвенции на овој меч.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

