Бутел лесно против Радовиш

Ракометарите на Бутел очекувано стигнаа до триумф над „фенерџијата“ Радовиш на домашен терен од 26-22 во 17. коло од Суперлигата на Македонија. Гостите од Радовиш слабо го отворија натпреварот по што бутелчани имаа во еден момент во првото полувреме и предност од плус шест (12-6).

Радовишани ги консолидираа редовите и на пауза заминаа со негатива од само три гола (13-10). Во вториот дел домаќините успеаја да го исконтролираат натпреварот и на крајот да стигнат до конечен триумф од 26-22.

Мирко Мајиќ со шест гола беше прво име во победничкиот табор, додека кај поразените со ист број на голови заврши Кристијан Ристов.

Се вчитува...