Ракометарите на Бутел стигнаа до нов триумф сезонава во домашниот шампионат откако вечерва во 8. коло од Суперлигата ја оправдаа фаворитската улога на домашен терен против Струга 31-26
Бутелчани почнаа силно уште од самиот старт, па веќе по триесет минути игра имаа предност од 17-13. Во вториот дел само рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечен триумф од 31-26. Дејан Михајловиќ со шест гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените Богдан Мијушковиќ постигна осум гола.
Во последниот меч од денешната програма во трилер-финиш, Бисинов со гол од пенал во последната секунда успеа да стигне до реми против Радовиш (29-29). Здравко Постолов со 13 гола беше прво име кај домаќинот, додека кај гостите Ивица Илиев постигна еден помалку.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА