Бутел прокнижи нови бодови во ракометниот плејоф откако скопскиот суперлигаш славеше над Тиквеш со 32-29. Домашниот тим ја имаше фаворитската улога во пресрет на мечот и успеа да ја оправда, контролирајќи го мечот од почетните минути, па се до крајот.
„Бутелци“ наметнаа темпо од самиот почеток што гостинските ракометари не можеа да го следат, поведувајќи со убедливи 9-4. Домаќините имаа и „плус шест“ во првото полувреме (14-8), на одмор заминаа со предност од 16-11, а по десетина минути игра во второто полувреме Бутел водеше и со 21-14. Обезбедената победа значеше и опуштање за домашните ракометари, што гостите го искористија за да го ублажат поразот до конечни „минус три“.
Мирко Мајиќ беше прв стрелец на Бутел и на оваа средба со седум погодоци, шест реализираше Јевтиќ, додека по четири гола постигнаа Митев, Младеновски и Тот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА