Бутел во следната сезона ќе биде дел од македонската ракометна елита откако оваа екипа го осигура првото место во рамките од Првата лига.
Избраниците на тренерот Котевски играат одлично цела сезона, заслужено се први, па со денешниот триумф во Ресен над Преспа од 23-34 скопскиот клуб осигура промоција во елитното друштво на две кола до крајот на сезоната. Стоилевски со шест и Николовски со пет гола беа најефикасни во победничкиот тим, додека главна фигура во редовите на Преспа беше Даскаловски со десет погодоци.
Покрај Бутел, битка за влез во Супер-лигата преку бараж водат екипите на Струга и на Металург јуниор. „Металурзите“ имаат предност од еден бод, а наредниот викенд во Скопје ќе го пречекаат директниот ривал, во меч што ќе решава за патникот во баражот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА