Ракометарите на Бутел славеа на гостувањето кај Радовиш со 24-31 во последниот натпревар од 2. коло од новата сезона во Суперлигата на Македонија.
Домаќините резултатски се држеа во првото полувреме па на пауза заминаа со негатива од само три гола 11-14. Сепак, фаворитот во вториот дел уфрли во повисока брзина и на крајот стигна до сигурен триумф од 24-31.
Најдобар стрелец кај победникот беше Дамјан Субашевски со девет гола.
Натпреварот кој требаше да почне во 19 часот, доцнеше поради технички причини на записничката маса.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

