Суперлигашот Бутел Скопје славеше над Младост Богданци со 28-25 (13-8) во последниот пријателски натпревар пред стартот на пролетниот дел од сезоната и дуелите во Купот на Македонија и плеј-офот од Суперлигата.
На мечот тренерот Кристијан Грчевски им даде шанса за настап на сите ракометари. Првиот официјален натпревар во новата година бутелчани ќе го имаат против Кичево во елиминациите од Купот в среда.
Oд друга страна тимот од Богданци во Купот на Македонија ќе игра со Скопје, а потоа ги чека тешка битка во борбата за опстанок во домашниот шампионат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА